logo
logo
logo

Вечер Тема

ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО СРБИЈА ПРЕД КОЛАПС: Бараа ТВ дуели но, кога Вичиќ ги повика на дуел - ИЗБЕГАА

Vecer | 23.08.2025

ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО СРБИЈА ПРЕД КОЛАПС: Бараа ТВ дуели но, кога Вичиќ ги повика на дуел - ИЗБЕГАА

Шарената револуција во Србија влегува во десетти месец. Почна како “студенстки протести“ за по три месеци да се претвори во организиран обид за насилна промена на власта. Веќе виден модел во Украина, Македонија, Грузија, Унгарија, Бразил... низ арапскиот свет. Секаде каде што левичарите, радикалните извршители на организацијата на Џорџ Сорос и специјализираната организација за вакви државни преврати Канвас од Белград се појавиле моделот е ист. 

За организација на вакви “Шарени револуции“ Канвас издаде и две книги, прирачници со детални упатства Ненасилна борба во 50 точки кој, што и како треба да прави во подготовка и реализација на акциите. Еве само некои од нив:

- Не смее да се создава лидер и јасно видливо водство, треба да се делува анархично и да не се знае од каде нападите доаѓаат и кој ги организира.

- Треба да се комуницира со општи фрази, никако конретни цели и барања кои можат да предизвикаат поделби во подршката од јавноста.

- Треба да се делува со аргументи на провокации кон инструментите и институциите на власта и примена на сила како и палање на слики на луѓе од власта, напади на нивниот личен имот и имотот на власта за да се дехуманизираат и да се покаже дека тие немаат моќ да се заштитат себе и своите позиции.

- Не смее да се влегува во дијалог со луѓе од власта, туку само со директни барања кои со време се прошируваат и се создава спирала на бeсконечни барања кои на крај ги има толку многу што  не можат да се реализираат...

Сега “блокадерите“ бараат избори, а ќе се кандидирале тие и луѓе кои тие ќе ги изберат на своте “пленуми“. Никој досега ниту разбра ниту знае што се тоа “пленуми“ и “зборови“ на кои “студентите“ решаваат што ќе се прави во државата. Се собираат од десет до 100 на едно место, веднаш себе се прогласуваат за “збор“ или “пленум“. На почетокот доминиа студенти, а потоа доминираа ликови собрани од улица кои блокираат или кршат и палат. Напаѓаат се, а се почесто гио напаѓаат студентите коис е против блокадите.

Понуда за ибори до “шарените“ во Србија имаше од Вучиќ, уште од јануари годинава:

“Видов дека има некои генијални мислења дека ќе на нивните “пленуми“ ќе одредат каква ќе биде владата и така натаму, па слушнав и други неверојатни работи. Па, ајде да разговараме за тоа дали сакаме да одиме во насока на формирање влада или да одиме на избори.“ изјави Вучиќ на 28 јануари 2025 година.

Кога во на 15 март Вучиќ најави дека простетите ќе се решат со нови избори, и ја повика опозицијата во парламентот да гласа за нови избори и вети дека неговата партија таа иницијатива ќе ја поддржи - опозицијата одби предвтремени избори и не поднесе иницијатива!

И целата “Шарена револуција“ во Србија се одвива по тие две книги, едната овде наведена, на Канвас и Срѓа Поповиќ. Но, кога јавноста почна да се прашува “а што всушност бараат овие демонстранти, и кои се тие луѓе...“ некои од нив излегона од шемата и побараа смена на власта и директни јавни, ТВ дуели со српскиот претседател Алексамндар Вучиќ.

Владата води монолог, ние бараме дијалог.“ „Владата не смее да разговара со нас.“ „Нема повик за дијалог.“ Ова се речениците што ги слушаме со месеци од страната на опозицијата и блокадерите, првенствено од редовите на Демократската партија и од претставници на студентското движење за блокади.

А потоа, кога им беше понудено токму она што наводно го сакаа - отворен телевизиски дијалог, со претседателот Вучиќ, во ударниот термин и на која било платформа - следеше паничен пресврт.

Паничен во буквална смисла, бидејќи овој пресврт се случи за само пет (5) дена, откако лидерот на Демократската партија на Србија, Срѓан Миливојевиќ настапи на опоцизиските телевизии како на N1, на 17 август:

Еве го поканувам (Вучиќ) - изберете ја телевизиската станица што ја сакате. Дозволете ми, како поранешен претседател на партијата (СНС), јас сум сегашен, сегашен претседател на Демократската партија, да разговарам за ова. Не седете сами и не водете монолог, ајде да водиме дијалог. Еве, одете на ТВ дуел за да можеме да разговараме за оваа тема, дозволете ми да ви кажам како луѓето можат да разговараат за овие теми, дозволете ми да ви кажам како изгледа еден граѓанин и како се однесува“, изјави Миливојевиќ доста самоуверено во тоа време.

Потоа, српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани студентите блокатори на јавна дебата, на било која телевизија која тие панично ја одбија преку социјалните мрежи. Избегаа од соочување со фактите.

Според медиумските извештаи, ова се главни две причини за одбивање на поканата за разговор:

Првата причина за одбивање на поканата за разговор е тоа што блокадерите се анонимни лица кои немаат капцитет ниту да создадат политички план, ниту да водат јавен дијалог туку самите тие се водиени од некој трет, од страна и управувани што да прават. Поточно, станува збор за луѓе кои не сакаат да покажат кои и што се бидејќи знаат дека капацитетот им е слаб, и затоа на таквите луѓе не може да им се верува.

Нивната задача не е да излегуваат во јавноста со прашања, одговори и проекти туку да излегуваат на улиците, да блокираат, да провоцираат и напаѓаат државен имот, полиција и граѓани кои им спротиставуваат.

Втората причина за одбивањето ТВ дуел е секако тоа што блокадорите немаат план и програма што можат да им ја понудат на граѓаните на Србија како алтерантива за сегашната власт. Најлесно е да се создаде хаос и да се запали градот, но кога треба да се излезе пред народот, да се понуди план, цел или каква било идеја, тогаш нема никој. Опозицијата се обидува да ја искористи ситуацијата и опозиционите лидери да ја преземат иницијативата од блокадерите но, оној кој преку ноќ станал познат на телевизија и по порталите со своите “улични акции“ не се согласува некој друг да ја земе неговата “ улична слава“ и профит.

Претседателот на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ изјави дека студентите во блокадата ја одбиле понудата на државниот претседател Александар Вучиќ да разговараат затоа што „тие дури немаат ни „п“ од програмата за Србија, тие имаат само план за: штрајк, палење, блокирање - барем некои работи расчистивме“.

- Прашањето е, за што воопшто би можеле да разговараат, а пред камерите би морале да погледнат во очи на претседателот, на народот и да објаснат зошто девет месеци ни ги блокираа животите, ги претворија училиштата, факултетите и градовите во полигони за обука на хулигански орди? Зошто го претворија нормалниот живот во омраза, насилство, палење, уништување? - напиша Вучевиќ на социјалната мрежа X.

Како што додаде, „претседателот дури им предложи на џентлменски начин да не одговараат на тие, за нив, тешки прашања, да престанат да копаат ровови, туку да разговараат за планови и визии за понатамошен развој на земјата, како да се зголемат платите и пензиите, да се зачуваат националните интереси, како да се позиционира Србија во геополитичките поделби“.

Српската верзија на “Шарена револуција“ се одвива токму по наводите од упатството наведено на почетокот на овој текст. Српската опозиција е слаба, корумпирана и е неодговорна и затоа странците креваат раце од неа и создаваат “нова улична сила“ за политика која треба да издржи до кршење на државниот систем и да ја преземе власта некој сосема трет, анонимен лик, избран од надвор и должен на своте ментори понатаму да изврши политички одлуки како признавање на независноста на Косово, блокада на економската соработката на Србија со Кина, поддршка за укинување на Република Српска... по теркот на Зеленски во Украина.

Како изгледа успешна “Шарена револуција“ по моделот на Украина гледаме секојдневно по порталите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk