logo
logo
logo

Молотови коктели, водени топови и 1.300 полицајци, десетици повредени и уапсени

ТИРАНА ВО ПЛАМЕН, ДЕМОНСТРАНТИ САКАА ДА ГО ЗАПАЛАТ КАБИНЕТОТ НА РАМА (ВИДЕО)

Vecer | 11.02.2026

ТИРАНА ВО ПЛАМЕН, ДЕМОНСТРАНТИ САКАА ДА ГО ЗАПАЛАТ КАБИНЕТОТ НА РАМА (ВИДЕО)

Жестоки судири меѓу демонстранти и полиција ја одбележаа антивладината акција во Тирана, каде опозицијата побара оставка од премиерот Еди Рама поради обвинувања за корупција. Во немирите има повредени полицајци, приведени демонстранти и значителна материјална штета.

Протестот, организиран од здружената опозиција предводена од Демократската партија, започна мирно во центарот на албанската престолнина, но вечерта ескалираше кога дел од демонстрантите почнаа да ја гаѓаат зградата каде што се наоѓа канцеларијата на Рама со огномет и молотови коктели.

Полицијата одговори со водни топови и солзавец, а во центарот на градот беа распоредени околу 1.400 полицајци.

Според официјалните информации, приведени се 21 лице, меѓу кои и четворица тинејџери. Полицијата соопшти дека запленила 22 неексплодирани молотови коктели и шишиња со запалива течност. Во судирите се повредени најмалку 16 полицајци, додека албанските медиуми јавуваат и за повредени демонстранти, иако бројките не се прецизирани.

Во хаосот било запалено и возило на телевизијата ABC.

Демонстрантите извикуваа „Рама, оди си“, барајќи негова оставка, како и оставка од вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку, која се соочува со обвиненија од Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал.

Поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша изјави дека „бунтот е единствениот начин да се отстрани Еди Рама“, обвинувајќи ја владата дека ги оставила граѓаните без поддршка во време на кризи.

Од владејачката Социјалистичка партија возвратија дека нападите врз полицијата се напад врз државата.

– Кој кренал рака против полицијата, кренал рака против државата – изјави шефот на парламентарната група Таулант Баља.

Опозицијата најави дека протестите ќе продолжат сè додека не се најде политичко решение за кризата, додека властите најавија истрага за насилствата и одговорност за сите инволвирани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk