logo
logo
logo

Трагедија меѓу пламенот

(Видео) АПОКАЛИПСА ВО ГРЦИЈА - Огнот голта домови, луѓето се евакуираат, а два хеликоптера се судрија во воздух!

Vecer | 03.08.2026

(Видео) АПОКАЛИПСА ВО ГРЦИЈА - Огнот голта домови, луѓето се евакуираат, а два хеликоптера се судрија во воздух!

Страшна трагедија го потресе небото над Грција: два противпожарни хеликоптери се сударија во воздух додека нивните екипажи водеа надчовечка битка за да сопрат огромен пожар кој пеплоса над стотина домови северозападно од Атина.

Додека пламените јазици голтаат сè пред себе во Атика, нов огнен пекол избувна и на познатиот остров Кефалонија, принудувајќи ги мештаните и преплашените туристи на итна евакуација.

Драматичниот судир се случил за време на операција за гаснење на огнот во областа Псата. Снимката објавена на страницата Forecast Weather Greece ја прикажува морничавата сцена: два хеликоптери под сериозен ризик се приближуваат еден кон друг на мала височина, сè додека главниот ротор на долниот хеликоптер не удрил директно во долниот дел од вториот летало.

Долниот хеликоптер се урна во пламен на земјата, додека вториот, во паника, го испушти целиот товар со вода и едвај успеа да одлета од местото на несреќата.

Во фаталниот пад загинаа двајца членови на екипажот, државјани на Грција и Данска. За среќа, екипажот од вториот хеликоптер, составен од грчки и британски државјанин, успеа да ја преживее катастрофата. Станува збор за два хеликоптери од типот Bell, изнајмени од противпожарната служба, кои полетале од воената писта Елефсина.

Додека истрагата за оваа страшна воздушна несреќа е во тек, стотици пожарникари на терен се борат со немилосрдниот ветер кој ги разгорува трите огнени фронта и се обидуваат да го спасат популарното приморско место Порто Гермено.

„Објективно, ова е исклучително тежок и трагичен ден. Ветерот го прави огнот речиси непредвидлив“, изјави заменикот-портпарол на пожарникарите, Јанис Артопиос, откако силниот ветар оневозможи интервенција на речиси 30 летала кои чекаат дозвола за полетување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk