logo
logo
logo

Хрвтате забегаа со туризмот, 5 евра за вода: “КОГА ИМА БУДАЛИ НЕКА ИМ ЗЕМАТ И 2О!“

Vecer | 18.08.2025

Хрвтате забегаа со туризмот, 5 евра за вода: “КОГА ИМА БУДАЛИ НЕКА ИМ ЗЕМАТ И 2О!“

Цените во рестораните и кафулињата на хрватскиот брег ова лето предизвикаа голем бран незадоволство кај туристите и локалните жители, а дискусијата беше особено жестока на Reddit.

Туристите споделија примери од популарни дестинации како Хвар и Дубровник: мало пиво 8,5 евра, морска храна за двајца на чинија помеѓу 75 и 100 евра.

Обична вода за 5 евра?! Кога има будали, би продал дури и 20!“, напиша еден корисник.

Многумина се согласуваат дека цените станале „непристојни“. Иако има поповолни барови, мештаните нагласуваат дека се чувствуваат исклучени: „Зошто заслуживме некој да нè изолира од сопствената земја?“

Сезонски и постојани ресторани

Корисниците забележуваат дека повеќето ресторани работат само во сезона и се насочени кон туристи, додека ретките ресторани што работат преку целата година имаат понормални цени и секогаш се полни.

Споредби со странски земји

Многумина ги споредија цените со други европски дестинации и заклучија дека Хрватска е поскапа. „Амстердам е поевтин“, напиша еден, додека друг додаде: „Париз е поевтин“.

Еден патник од Порто рекол дека платил помалку од 30 евра за комплетен оброк во ресторан - многу помалку отколку на хрватскиот брег.

Сепак, постојат и спротивни примери - во Малинска, големо точено пиво е 3,5 евра, пица е 10, а кафе е до 2 евра, додека на Хвар можете да најдете пица за 8-10 евра или кафе за 1,5 евра, но најчесто надвор од главните туристички области.

Еден коментар најдобро го сумираше аргументот: „Ако туристите престанат да доаѓаат, сопствениците ќе ги намалат цените. Ако не го сторат тоа, ја прифатиле стратегијата.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk