logo
logo
logo

(Видео) СОЛЗАВЕЦ, ВОДЕНИ ТОПОВИ И ХАОС - Нов бран протест против албанскиот премиер, Рама

Vecer | 03.07.2026

(Видео) СОЛЗАВЕЦ, ВОДЕНИ ТОПОВИ И ХАОС - Нов бран протест против албанскиот премиер, Рама

Илјадници граѓани повторно излегоа на улиците на Тирана, по 33-ти пат барајќи оставка од албанскиот премиер Еди Рама. Протестите, во јавноста познати како „Фламинго револуција“, започнаа пред Собранието каде што дојде до жестоки судири со полицијата. Демонстрантите се обидоа да ги блокираат службените возила на пратениците, по што полицијата употреби солзавец, бибер-спреј и водени топови. Според Министерството за здравство, повредени се 16 лица, од кои дури 14 се полицајци. Организаторите ја обвинија власта за бруталност, но најавија дека мирната борба против режимот продолжува.

Зад револтот на граѓаните стои планираниот повеќемилијарден туристички проект во заштитен природен резерват познат по колониите на фламинга, кој демонстрантите го посочуваат како пример за системска корупција.

Паралелно со немирите, албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата отвори обемна истрага и издаде налози за апсење на повеќе од десет бизнисмени под сомнение за перење пари и трговија со дрога. Како дел од оваа истрага, блокирани се исплати во вредност од 128 милиони евра и се проверува продажбата на државно земјиште на компанија поврзана со инвестицискиот проект на Џаред Кушнер и Иванка Трамп (зет и ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk