Додека регионот се соочува со нов бран бури и невремиња, на социјалните мрежи се шири необично видео од Хрватска, кое стана вистински хит. Имено, бурниот ветер однесе тоалет во граничната зона меѓу Хрватска и Србија, префрлајќи го од една земја во друга.
Видеото покажува како тоалетната кабина „патува“ преку границата, носена од силни налети на ветер, а целата сцена предизвика лавина од коментари и шеги на социјалните мрежи. Погледнете.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата