Основниот суд во Приштина денес ги осуди поранешниот косовски премиер Агим Чеку и девет други обвинети на една година затвор за злоупотреба на службена должност во случајот познат како „Ветерани“.
Во истиот случај, Нуредин Љуштаку и Смајл Елјезај беа ослободени, бидејќи според судот тие немале статус на службено лице, објавува Репортери.
Судијата Газменд Бахтири, кој претседаваше со советот, изјави дека за време на судењето е докажано надвор од разумно сомнение дека обвинетиот сторил кривично дело. Според пресудата, не сите од 19.500 барања за признавање на статус на ветеран биле поединечно идентификувани, и беше предложено постапката да се разгледа одделно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата