(Видео) Aшер треба да плати 44 милиони долари за украдена песна што е меѓу неговите најголеми хитови 

Текстописецот од Филаделфија, Даниел Марино, доби 44 милиони долари отштета за украдена песна, објавија странските медиуми.

Неговата песна ја украде, ни помалку ни повеќе, туку познатиот Ашер, кој ја преименуваше во „Bad Girl“, а овој хит беше на неговиот албум „Confessions“ од 2004 година.

Со овој албум Ашер оствари рекордна продажба, бидејќи албумот беше продаден во повеќе од 10 милиони примероци и доби дијамантски статус.

Даниел му рекол на судот дека во 2001 и 2002 година работел на песната „Club Girl“, и дека зад сето тоа стои само неговото име како автор и продуцент.

Тужбата започна во 2011 година, а адвокатот на Маринов рече дека седум години верувал во својот клиент и неговите тврдења, според „Ролинг стоун”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари