logo
logo
logo

Разбојниците кои ја врзаа и ограбија Ким Кардашијан во Париз прогласени за виновни

Vecer | 24.05.2025

Разбојниците кои ја врзаа и ограбија Ким Кардашијан во Париз прогласени за виновни

Осуммина од нив се прогласени за виновни за кражба на накит вреден неколку милиони долари. Двајца од нив се ослободени.

Еден од 10-те обвинети е целосно ослободен од обвиненијата за планирање и извршување на вооружен грабеж за време на модната недела во Париз во 2016 година. Друг беше осуден за употреба на оружје, но тоа не беше директно поврзано со грабежот.

Судењето беше одложено речиси десет години, и покрај тоа што обвинетите беа уапсени само неколку месеци подоцна, откако полицијата најде ДНК на местото на настанот. Тројца судии и шестмина поротници ја донесоа пресудата во петокот попладне.

„Длабоко сум им благодарна на француските власти што ја постигнаа правдата во овој случај. Злосторството беше најстрашното искуство во мојот живот, оставајќи трајно влијание врз мене и моето семејство“, рече Ким по пресудата, нагласувајќи дека никогаш нема да заборави што се случи.

„Останувам посветена да се залагам за правда и да промовирам праведен правен систем“, вели Ким, која дипломирала право шест години подоцна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk