Нова венчавка во кралското семејство – принцезата Еугенија се мажи за поранешен келнер

Принцезата Еугенија, внука на британската кралица Елизабета, денеска во замокот Виндзор ќе се венча со Џек Бруксбенк, со кого е во долгогодишна врска.

Ова ќе биде втора венчавка во кралското семејство годинава, откако во мај во брак стапија принцот Хари и Меган Маркл.

Принцезата Еугенија (28) е втората ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, војвотката од Јорк, пренесува Ројтерс. Таа е деветта во редот за британскиот престол.

Како и нејзината постара сестра, принцезата Беатрис, ниту Еугенија не врши официјални кралски должности, туку работи како директор на уметничка галерија во Лондон.

Таа го запознала својот иден сопруг во ресторан каде работел како келнер. Сега тој работи како претставник на брендот „Касамигос“, текила лансирана од актерот Џорџ Клуни.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари