Комедијата „Од две мајки браќа“ вечерва во Прилеп

„Од две мајки браќа„ е комедијата што ќе биде изведена вечерва од 20 часот во кино Мис Стон во Прилеп.

„2 mothers brothers“ или „Од две мајки браќа“ (што го поставува прашањето што правел во меѓувреме таткото) е комично кабаре составено од динамичното дуо Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. Се работи за 75 минути жестока комедија која се исмева со сите оние кои се обидуваат да забранат слободно да се говори, истото збогатено со авторски песни и пародија на познати песни.

Проектот е поддржан од Министерство за култура со Нов културен бран.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари