Во таканаречената житница на земјата се појавија дупки поради сушата и прекумерната потрошувачка на подземните води. Моментално ги загрозуваат земјоделските активности, а сѐ повеќе се доближуваат до станбените зони.
Според последните податоци, нивниот број надминал 2600. Најпогодени се окрузите Џиханбејли, Јунак, Кулу, Сарајону и Кадинхани, познати по нивното значително производство на жито. Дирекцијата за катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) и Техничкиот универзитет во Коња внимателно го следат развојот на настаните и бараат превентивни мерки, пишува Еуроњуз.
Досегашните податоци покажуваат дека дупките напредуваат кон станбени и земјоделски области и електрани, додека претходно тие најчесто беа регистрирани во изолирани области. Дупките во земја отсекогаш постоеле, велат експертите, но човечката активност придонесува за зголемување на нивниот број.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата