Во Турција „неутрализирани“ 25 терористи

Најмалку 25 припадници на терористичката група ПКК беа „неутрализирани“ во анти-терористички операции во Турција, објави министерството за внатрешни работи.

Министерството додаде дека во периодот помеѓу 8-15 октомври биле спроведени вкупно 2.912 анти-терористички операции.

Вкупно 14 терористи биле убиени, петмина заробени, додека пак шестмина се предале на вооружените сили, се вели во соопштението.

Во операциите уништени се 35 засолништа на терористичката група, а вооружените сили заплениле 22 рачни гранати, 20 импровизирани експлозивни направи, 653 килограми експлозивен материјал, 17 пушки и 1881 парчиња муниција.

Покрај ова, уапсени се вкупно 848 лица за кои постои сомнение дека помагале или учествувале во терористичката група., се вели во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари