(Видео) Ураганот Мајкл однесе најмалку шест човечки животи

Спасувачките екипи ги продолжуваат своите спасувачките операции во САД откако ураганот Мајкл, кој достигна четврта категорија го разори Мексико бич на Флорида. Бројот на жртви денеска се зголеми на шест лица.

Спасувачите се обидуваат да ги пронајдат стотиците луѓе кои не ги послушаа наредбите за евакуација во Мексико Бич на Флорида и останаа во своите домови.

Ураганот Мајлк кој удри во северозападниот дел на американската сојузна држава Флорида оштети бројни домови, тој беше толку моќен што разурна стотици објекти, откорна стотици дрвја и зад себе остави вистински пустош.

Припадниците на американската војска во туристичкото место Мексико бич пронајдоа 20 лица кои го преживеале силниот налет на ураганот, изјави гувернерот на оваа сојузна држава, Рик Скот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари