(Видео) Телевизиска станица во Северна Каролина евакуирана при налетот на ураганот Флоренс

Официјални лица предупредуваат дека обилните дождови од ураганот Флоренс ќе траат со денови и дека жителите на Северна Каролина можеби ќе се соочат со најлошите поплави од почетокот на новиот милениум.

Секретарот за сообраќај, Џим Трогдон, рече дека државата ja очекуваaт поплави во областите меѓу крајбрежните градови Вилмингтон и Шарлот.

Гувернерот, Рој Купер, изјави дека во Северна Каролина и натаму не се регистрирани смртни случаи од ураганот Флоренс, но додаде дека е загрижен за безбедноста на луѓето во понатамошното дивеење на бурата.

Метеоролозите тврдат дека средиштето на ураганот Флоренс се наоѓа веднаш при влезот на копното, во близина на местото Кејп Фиер во Северна Каролина.

Флоренс во овие моменти и натаму е ураган од прва категорија со брзина на ветерот од 130 километри на час, иако на некои места се забележани и посилни ветришта.

Надојдената вода поради силните бранови и врнежи од дожд принуди телевизиска станица од Северна Каролина да го евакуира персоналот, среде известувањата за ураганот.

Неколку часови пред ураганот Флоренс да пристигне на копното, новинарите на WCTI-TV во местото Њу Берн биле принудени да го напуштат студиото.

Портпаролката на оваа телевизија изјави дека патиштата околу зградата на телевизијата почнале да се поплавуваат, поради зголеменото ниво на реката во тој град, во близина на Атлантикот.

Градот се наоѓа на околу 145 километри од плажата каде што ураганот Флоренс удрил на копното денес во 7:15 часот по локално време. Реките доаѓаат од северната страна на ураганот Флоренс, кој се движи спротивно од насоката на движењето на стрелките на часовникот и ги внесува брановите од плимата длабоко во копното.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари