(Видео) Канје Вест на ручек со Трамп во Белата куќа

Пристигнувањето на Канје Вест во Белата куќа предизвика голем интерес во јавноста. Рап-ѕвездата денеска се состана со зетот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, а потоа пристигна на ручек со Доналд Трамп. Голем број медиуми во живо ја пренесуваа средбата.

Посетата е резултат на пријателските односи меѓу Трамп и Вест, кои претходно се состанаа во кулата на Трамп во Њујорк за време на претседателската транзиција во 2016 година, по што разменуваа твитови во текот на изминатата година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари