Велика Британија e осудена поради масовно прислушување разговори на своите граѓани

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека Велика Британија ги прекршила правата на граѓаните со масовното прислушување на нивните телефонски разговори и следење на другите електронски комуникации.

Според Судот, Велика Британија го прекршила правото на заштита на приватноста, кое е загарантирано со Европската конвенција за човекови права.

Процесот го покренаа невладини организации кои реагираа врз основа на откритијата на пребеганиот агент на американската служба НСА, Едвард Сноуден, кој објави детали за масовно прислушување кое го вршат западните безбедносни служби.

Судот смета дека Велика Британија не вовела доволно заштитни механизми, за да се спречи прекумерното следење на телефонските разговори.

За времетраењето на процесот, Велика Британија ги смени своите закони со кои го регулира прислушувањето и воведе дополнителни чекори кои треба да минат пред да се дозволи снимање на нечии разговори.

Поврзани

Најнови вести

Коментари