Ватикан од денеска има свој атлетски тим

Ватикан од денеска има свој атлетски тим. Околу 60 натпреварувачи од Ватикан, припадници на швајцарската гарда, свештеници, фармацевти и еден 62-годишен професор кој работи во vатиканската библиотека, се првите акредитирани членови на ватиканскиот атлетски тим.

Ватикан и италијанскиот олимписки комитет потпишаа договор за основање тим кој од денеска е дел од италијанската атлетска асоцијација.

Иницијативата е дел од заложбите на Ватикан за промоција на спортот како инструмент за дијалог, мир и солидарност.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари