Турција донираше 3,6 милиони учебници во Сирија

Министерството за образование на Турција испрати донации од 3,6 милиони учебници во училиштата во северна Сирија.

Учевниците ги достави центарот за логистика предводен од Агенцијата за справување со катастрофи и итни состојби во мало гратче до Алепо.

Околку 360 000 ученици од основните и средните училишта ќе ги користат овие учебници, во кои има и книги со граматика на арапски и англиски јазик, како и природни науки, математика, физика и хемија.

Учебниците ќе бидат испратени во училишта во Африн, Џараблус, Ал Баб, Ахтарин и Маре, области во кои Турција изведе големи воени операции против терористичките групи на ПКК и Даеш.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари