Направиме се да се себеуништиме, и тоа не може да се запре

Со ова темпо, во идниот век на земјата ќе преживеат само една милијарда луѓе

Дури и ако на планетава се намалуат емисиите на емитување таканарешени стакленички гасови како што е предвидено во Договорот од Париз, опстанокот на планета може да го попречат веќе предизвиканите процеси кои извршија промени и планетата засекогаш да се претвори во топол стакленик, со заканувачкиот ефект на стаклена градина, се тврди престижна научна студија објавена неделава.

Со такво сценарио, просечната температура на Земјата може да биде 4 или 5 степени Целзиусови повисока од периодот пред создавањето озонска дупка и обвивка од опасните гасови, температура која ќе биде многу повисока од она што е проценето како опасност од страна на експертите и објавено во климатските договор од Париз (зголемување на температурата +2 степени Целзиусови) пишува  во студијата на стручното списание Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS).

Емисиите на опасните гасови веќе предизвикаа зголемување на просечната температура на Земјата од 1 ° C а последиците од тоа се секому видливи: жешки налети, зголемени суши и, годинава, високи летни температури какви Европа нема видено наназад барем еден век. Ова се последици од еден степен, а може да се замисли какви се кога растот на затоплувањето е пет пати поголемо.

Научниците опишуваат десет аспекти на "Системот на кој функционира планетата Земја", кој сега се неутрални или понекаде и со корисен ефект, но во иднина можат да бидат фатални, предизвикувајќи повисоки емисии на јаглерод диоксид и метан во атмосферата од сите сегашни човечки активности заедно. Прогнозите се застрашувачки, а процесите кои водат кон нив се веќе отворени.

Ова е процес кој вклучува топење на вечниот мраз, губење на метан хидрат од океанското дно, и тонење на полесниот окенаски јагелно водород, губење на арктичкиот мраз во лето и намалување на антарктикот поради топење на мразот мразот и губење на поларните ледени капи. Овие појави ги гледаме секојдневно, и нивното значење е поголемо и по фатално од било која вест за политиката, забавата или индистријата но, интересите на богатите индустрии успеваат овие теми да ги држат далеку од фокусот на јавноста. Голем дел од загадувањето на атмосферата, создавањето опасни гасови и авторството за озонската дупка се мотивирани заради создавање пари по секоја цена од страна на големите индустрии и економии. Парите ги добиваат сега, но уништувањето им следи и на нив, заедно со нашето уништување.

Овие процеси на ослободување на гасовите поради покачување на температурата на планетата се во тек, наскоро тие можат да станат самосоздавачки, да влезат во процес кога се одржуваат сами себе без оглед на човековата воља и активности и за релативно кусо време од планетата да создадат амбиент кој е соодветен на печките за сушење кои ги имаме дома.

Затоплување по овој пат до 3 степени на крајот може да значи смртна казна за околу 40 отсто на амазонската прашума, најголемата компактна зелена површина, шума во светот. Пожарите зачестија во амсовни размери, активирањето на некои вулкани... се процеси кои не се земени во обзир при оваа студија, а можат сериозно да ја забрзаат постапката за загревање на земјата и атмосферата со милијарди тони на CO2 кои се создаваат при овие настани.

Сите овие механизми се меѓусебно поврзани, сметаат авторите на студијата, и секој процес ги предизвикува и влијае на другите процеси. 

- "Сите овие настани заедно ќе предизвикаат на Земјата систем кој е нов начин на функционирање на планетата", заклучи Ханс Јоаким Шелнхубер, ко-автор на студијата и директор на Потсдам Институтот за влијанието на климата, студија која проценува дека се отпочнати процеси на Земјата  со кои веќе во следниот се очекува зголемена температура на атмосферата за 4 до 5 степени, амбиент на мали ресурси во кои ќе можат да живеат најмногу само една милијарди луѓе.

Земјата сега веќе се движи кон бројката од 9 милијарди луѓе, а тоа е бројка после која земјата не може да дава доволно ресурси во вода, храна и чист воздух за опстанок на луѓето.  

Поврзани

Најнови вести

Коментари