Сијамските близначки од Бутан успешно раздвоени по шестчасовна операција

Лекарите во болница во Австралија успешно раздвоија две сестри сијамски близнаци од Бутан, а главниот хирург вели дека се надева дека девојчињата ќе закрепнат успешно.

15-месечните близначки Нима и Дава биле споени со градите и карлицата. Лекарите во болницата во Мелбурн рекоа дека морале да го одвојат црниот дроб на девојчињата и дека најтешка задача им била реконструкцијата на абдоменот. Операцијата траеше шест часа.

Девојчињата и нивната мајка пристигнаа во Австралија минатиот месец преку хуманитарна организација, која заедно со државата Викторија ги покри трошоците за операцијата и се погрижи за превозот и сместувањето.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари