Во неговото годишно летно интервју за германскиот јавен радиодифузер ЗДФ, кое ќе се емитува вечерва, Шолц рече дека неговата коалициска влада продолжува да има мнозинство во Бундестагот и дека сè уште има работа.
Шолц призна дека нарушениот политички пејзаж на Германија може да го отежне управувањето со земјата, и на државно и на федерално ниво.
- Се плашам дека што и да се случи во следните неколку години, ќе продолжиме да имаме ситуации во Германија во кои е многу комплицирано да се формираат влади, рече германскиот канцелар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата