Саудиска Арабија: Убиството на Кашоги е страшна грешка

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал-Џубеир изјави дека убиството на новинарот Џамал Кашоги е страшна грешка и вети дека одговорните за убиството ќе бидат казнети.

„За жал огромна и страшна грешка е направена и ве уверувам дека оние кои се одговорни ќе бидат казнети“, рече Џубеир за „Фокс њуз“.

Саудиска Арабија вчера соопшти дека Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, откако претходно со недели негираше вмешаност во неговото исчезнување.

Новинарот последен пат беше виден на 2 октомври како влегува во саудискиот конзулат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари