САД: Иран повторно е главен спонзор на терористите

Иран и понатаму е водечка држава-спонзор на тероризмот во светот, тврди владата на САД во годишниот извештај во кој истакнува дека е намален бројот на терористички напади ширум светот.

Во годишното истражување, Стејт департментот го обвинува Иран дека поттикнува многубројни судири и се обидува да ги поткопа земјите ширум Блискиот Исток, имајќи речиси глобален терористички домет.

Бројот на терористички напади во светот, лани опаднал за 23 проценти во однос на 2016 година, се наведува во извештајот, што воглавно, како што тврдат, се должи на успешната борба против „Исламска држава“ во Ирак.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари