logo
logo
logo

Пронајдено е телото на 8- годишното девојче, кое 19 дена ја бараше цела Турција

Vecer | 08.09.2024

Пронајдено е телото на 8- годишното девојче, кое 19 дена ја бараше цела Турција

„Екипите на жандармеријата стигнаа до безживотното тело на нашата Нарин. Нека почива во мир. Наше сочувство“, изјави Али Јерликаја.

Наведено е дека безживотното тело на Нарин било пронајдено во потокот Ертутмаз во близина на селото.

Забранет е влез и излез од селото, а телото на девојчето е пренесено на обдукција.

Пред два дена, по добиена дојава, екипи на жандармеријата го пребарале овој поток, но не нашле никаква трага.

„Истрагата што ја започна главното јавно обвинителство во Дијарбакир од првиот момент на инцидентот се спроведува прецизно и од повеќе перспективи. Оние кои се или биле одговорни за смртта на Нарин ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече министерот за правда,  Џилмаз Тунч.

Нарин исчезна на 21 август оваа година во областа Баглар во Дијарбакир, кога беше започната голема потрага.

Во рамките на истрагата, чичкото на Нарин беше претходно уапсен и осомничен за убиство со умисла, но семејството не верува дека нивниот роднина е виновен.

Откако Нарин Гуран беше пријавена за исчезната, започна копнена и воздушна потрага во регионот. Како дел од истрагата, површина од 11.000 квадратни метри беше скенирана од 2.000 луѓе од земја и два хеликоптери и 48 дронови од воздух.

Исто така, 24 нуркачи пребарале пет потоци, три езерца, 18 бунари и 24 километри водени канали. Во рамките на претресот користени се и подземни уреди за снимање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk