Пожар во центарот на Сеул, има мртви

Во објект во кој биле сместени работници во центарот на Сеул изби пожар, а најмалку седум лица го загубија животот, соопштија итните служби на градот.

Се додава дека најмалку 11 лица биле повредени во пожарот, пренесуваат странските медиуми.

Пожарот, најверојатно, настанал на третиот кат од зградата, покрај вратите за излез, рече Квор Хјок Мин, шефот на противпожарната станица во Сеул.

„Пожарот изби и ја блокира излезната врата, што им оневозможи на жителите на зградата да побегнат“, рече Квон.

Причината за пожарот засега не е позната, а бројот на жртви би можел да се зголеми, порачаа итните служби.

Жртвите, како што наведуваат медиумите, се работници на старот од 40 до 60 години.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари