Порошенко: Цариградската црква донесе одлука

Украинскиот претседател, Петро Порошенко изјави дека Цариградскиот Патријарх веќе донел одлука за доделување на автокефалност на Украинската црква.

„Одлуката е веќе донесена”, изјави тој за новинарите во Киев.

Одлуката на Цариградската Патријаршија да ја прифати автокефалноста на Украинската Црква претставува легализација на распадот и ќе доведе со ненепоравливи последици по православното христијанство, рече портпаролот на московскиот Патријарх Кирил.

„Ова го легализира расцепот. Со своите дела, Цариград ја премина црвената линија и катастрофално го погоди единството на Православието”, рече портпаролот Владимир Легојда.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари