Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски кои што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност веднаш да ги продолжи преговорите за брза денуклеаризација кои би требало да завршат до јануари 2021 година.

Во соопштението на државниот секретар на САД, Мајк Помпео се вели дека рано изутрина го повикал на состанок својот севернокорејски колега Ли Јонг Хо кој треба да се одржи идната недела во Њујорк за време на состанокот на Генералното собрание на ОН.

Притоа се наведува дека САД го поздравуваат јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин
и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, поради позитивниот исход од состанокот во Пјонгјанг и го поздравуваат тоа што потврдиле дека се ангажираат за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има огромен напредок во разговорите со Северна Кореја, по одржаниот меѓукорејски самит на кој Пјонгјанг понуди одредени отстапки околу програмата за вооружување. Преговорите меѓу САД и Северна Кореја беа во застој по состанокот меѓу Ким Џонг-ун и Доналд Трамп во јуни.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари