logo
logo
logo

Поддржувачите на Болсонаро на протест против владината блокада на Икс

Vecer | 08.09.2024

Поддржувачите на Болсонаро на протест против владината блокада на Икс

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро синоќа протестираа во Сао Паоло на Денот на независноста, изразувајќи незадоволство од одлуката на владата да ја блокира социјалната мрежа Икс, што тие го сметаат за доказ за политички прогон.

Вчерашниот марш претставува тест за капацитетот на Болсонаро да ги мобилизира своите приврзаници пред локалните избори во октомври, и покрај тоа што на Болсонаро му е забрането да се кандидира за која било функција до 2030 година.

Забраната на Икс предизвика незадоволство дури и кај некои противници на Болсонаро, разгорувајќи ја веќе длабоко вкоренетата политичка поларизација во Бразил. Болсонаро на својот Инстаграм профил на 4 септември напиша: „Земја без слобода не може ништо да слави на овој ден“, повикувајќи ги Бразилците да не присуствуваат на официјалните паради по повод Денот на независноста и да му се придружат на протестот во Сао Паоло.

Судијата на Врховниот суд Александар де Мораес го забрани Икс (поранешен Твитер) на 30 август, по повеќемесечниот спор со неговиот сопственик, милијардерот Илон Маск, околу границите на слободата на говорот.

Моќниот судија ги предводеше напорите да им се забрани на екстремно десничарските корисници да шират дезинформации на социјалните мрежи и ја засили својата акција откако приврзаниците на Болсонаро упаднаа во Конгресот и во претседателската палата на 8 јануари 2023 година, во обид да ги поништат резултатите од претседателските избори. .

Поконтроверзна компонента на неговата пресуда беше наметнувањето на огромна казна од 9.000 долари за Бразилците кои користат виртуелни приватни мрежи (VPN) за пристап до мрежата Икс.

Забраната ги налути сојузниците на Болсонаро, кои го обвинија судството и владата на претседателот Луис Инасио Лула да Силва за договар за да го замолчат нивното движење.

Маск, самопрогласен „апсолутист на слободата на говорот“, исто така ги повика Бразилците да се соберат масовно, повторно споделувајќи објава во која се тврди дека забраната на Икс ги освестила луѓето за „фактот дека слободата не е слободна и дека треба да се бориме за неа. “

Меѓутоа одлуката на судијата за забрана на Икс беше далеку од произволна, со оглед на тоа дека одлуката доби поддршка и од другите судии од Врховниот суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk