Опозицискиот кандидат Феликс Шисекеди победи во Конго

Кандидатот на опозицијата, Феликс Шисекеди, обезбеди изненадувачка победа на претседателските избори во Демократската Република Конго, објавија од изборната комисија во земјата.

Резултатите беа објавени во четвртокот наутро, по речиси двонеделните шпекулации и  извештаи за наводните нерегуларности за време на изборите од 30 декември. Доколку резултатите бидат прифатени како легитимни, ова ќе биде првиот демократски пренос на власта откако Конго се здоби со независност од Белгија во 1960 година.

Другите двајца кандидати во изборите беа поранешниот Министер за внатрешни работи Емануел Рамазани Шадари и бизнисменот Мартин Фајулу.

По објавувањето на резултатите, Фајулу изјави дека не ги прифаќа и побара веднаш да се објави името „на личностс која народот навистина ја избра“.

Со сличен коментар излезе и францускиот Министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, кој рече дека резултатите од изборите не се совпаѓаат со она што беше видено за време на пребројувањето на гласовите.

Од кабинетот на претседателот на Јужноафриканската Република Сирил Рамафоса ги пофалија сите страни во Демократската Република Конго за одржување на мирот и стабилноста за време на изборниот процес. Во изјавата не беше спомената победата на Шисекеди.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари