logo
logo
logo

ОН го повикува Израел да се откаже од планот за воспоставување воена контрола врз Појасот Газа

Vecer | 08.08.2025

ОН го повикува Израел да се откаже од планот за воспоставување воена контрола врз Појасот Газа

Планот, кој беше одобрен од израелскиот воен кабинет синоќа, „е против одлуката на Меѓународниот суд на правдата, според која, Израел мора што поскоро да ја прекине окупацијата, да го спроведе решението за две држави и правото на Палестинците на самоопределување“, се наведува во изјавата на Турк.

„Сè укажува дека новата ескалација ќе доведе до уште поголемо раселување на луѓето, до повеќе убиства, до повеќе неподносливи страдања, до непотребно уништување и ужасни злосторства“, рече високиот комесар, кој често е обвинет од израелските власти дека е сочувствителен кон Палестинците.

Турк ја повика израелската влада да обезбеди непречен пристап до хуманитарна помош за Газа, а не да ја ескалира војната. Заложниците што ги држи палестинската исламистичка група Хамас „мора да бидат ослободени веднаш и безусловно“, рече Турк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk