Околу 1.500 овци го блокираа центарот на Мадрид

Десетици овчари, облечени во традиционални носии, со околу 1.500 овци се прошетаа низ центарот на Мадрид, поради што сообраќајот беше блокиран.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за стар обичај познат како „Trashumancia“ кој датира од пред 600 години, при што добитокот се преместува од летните на зимските пасишта.

Овој обичај беше обновен во 1994 година како фестивал со кој се поттикнува овчарството, и по тој повод, десетици овчари облечени во традиционални носии со своите стада минаа низ центарот на Мадрид, каде сообраќајот беше блокиран.

Според средновековната традиција, сточарите на претставниците на градските власти на плоштадот Кибелес со стари шпански пари симболично им плаќале за преминување на добиток.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари