Најмалку 20 лица се повредени во експлозијата во Париз

Францускиот министер за внатерпни работи, Кристофер Кастанер веднаш по експлозијата во центарот на Париз, го посети местото на несреќата и притоа изјави дека биласнот од експлозијата е тежок.

Според информации во тамошните медиуми досега најмалку 20 лица се повредени, а меѓу повредените има и тројца пожарникари кои интервенирале во гасењето на пожарот.

Според министерот причината за експлозијата најверојатно било истекување на гас во пекара која се наоѓа во центарот на градот. Тој исто така појасни дека првите индикации укажуваат на тоа дека се работи за несреќен случај, и додаде дека не постојат нови опасности за експлозија.

 

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари