Најмалку 12 лица загинаа при лизгање на земјиштето во Колумбија, меѓу нив има и четири деца

Најмалку 12 лица загинаа во Колумбија откако поради лизгање на земјиштето, кал и земја ги затрупаа домовите на стотици лица.

Одронот се случил во планинската област, Маркеталија во Колумбија, објавија официјални лица.

Меѓу загинатите лица според тамошните медиуми има и четири деца.

Локалната служба за итни случаи соопшти дека по несреќата 53 лица биле спасени.

До лизгањето на земјиштето дошло по обилните врнежи од дожд и поплавите. Метеоролозите и Колумбискиот институт за екологија предупредија дека во следните денови можат да бидат загрозени и осум други провинции.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари