Мајка и бебе се првите жртви на ураганот Флоренс

Американски официјални претставници предупредуваат дека поради активноста на ураганот Флоренс на источниот брег од САД, може да згаснат многу човечки живот, пренесе Би-би-си. Според најновите податоци, досега во ураганот загинале најмалку четири лица.

Телевизијата Си-ен-ен јави дека првите две жртви биле мајка и бебе врз кои паднало дрво и ги усмртило на самото место. Таткото бил повреден и пренесен во болница.

Една жена загинала во својот дом во Северна Каролина каде што била заглавена откако куќата била преплавена со вода. Уште едно лице починало обидувајќи се да вклучи генератор за струја. Со тоа, бројот на мртви се искачил на четворица.

Стотици илјади Американци останаа без електрична енергија откако периферните делови на Флоренс стигнаа до источниот брег на САД. Ураганот се движи кон внатрешноста на земјата, при што максималната сила на ветриштата опадна, но сепак се движи во граница од 150 километри на час.

Ураганот загуби на сила додека се приближуваше кон Северна и Јужна Каролина, но официјалните лица продолжуваат да предупредуваат дека Флоренс може да земе голем број на човечки жртви и дека постои ризик од поплава со катастрофални размери.

Голем проблем во погодените области прават и ограбувачите кои невремето го користат за крадење од домовите на евакуираните луѓе. Полицијата уапси неколкумина во областа Бруншик во Северна Каролина.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари