logo
logo
logo

Хутите упаднаа во просториите на ОН во Сана, и го запленија дури и мебелот

Vecer | 13.08.2024

Хутите упаднаа во просториите на ОН во Сана, и го запленија дури и мебелот

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк објави дека бунтовниците тоа го направиле на 3 август и побарал „силите на Ансар Алах (Движењето Хути) да ги напуштат просториите и веднаш да вратат сè“, но портпаролот на бунтовниците не одговорил на новинарското прашање во врска со тоа.

Канцеларијата на ОН за човекови права претходно ги прекина своите операции на делови од територијата контролирана од Хутите.

Во јуни, Хутите заробија повеќе од 60 луѓе кои работеа со ОН и други невладини организации, објави тогаш Канцеларијата на ОН за човекови права, а бунтовниците рекоа дека се припадници на „американско-израелската шпионска мрежа“. 

Хутите со месеци напаѓаат бродови во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен, велејќи дека го поддржуваат палестинското движење Хамас во Појасот Газа, против кое војува Израел. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk