Две култури два света кои не се поднесуваат

Како во средниот век, овие две држави се на граница на војна заради жена

Она што започна како изјава за загриженост во врска со кршењето на човековите права, се претвори во најголеми дипломатски конфликт во светот во моментов, и тоа меѓу Канада и Саудиска Арабија.

Во телевизиското обраќање во петокот, канадското министерство за надворешни работи соопшти дека е "сериозно загрижено" за апсењето на саудиската активистка Самар Бадави и другите активисти кои пропагираат права на жените во Саудиска Арабија, и канаѓаните повика на нивно ослободување.

Од тогаш, владата на Саудиска Арабија реагираше со серија мерки против Канада преку протерување на канадскиот амбасадор од Ријад и отповик на саудиската делегација од Отава со најава за  прекин на летовите од саудискиот државен воздушен превозник до Торонто, Канада и ги запре илјадниците програми за стипендии од Саудиска Арабија во Канада.

Потоа, во вторникот, саудиските власти објавија дека ќе ги сопрат сите програми за лекување во Канада, и ќе ги пренесат саудиските пациенти во болници надвор од таа земја.

Кралството, исто така, изјави дека планира да ги замрзне идните трговски односи меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубиле, рече дека Саудиска Арабија нема да толерира ниту една странска интервенцијата во своите внатрешни работи и сугерира дека мњрките кои се променети против Канада, а тоа се ригидни мерки соодветни за конфликт на две држави пред меѓусебна војна, нема да бидат повлечени во скоро време.

- Канада направи голема грешка, и тоа треба да се знае и да се казни - изјави Ал-Џубајл 

Во меѓувреме, припадници на саудиската група активисти Инфографик КСА на Твитер и се заканија на Канада со напад, сличен на оној на 11 септември во САД.

Поврзани

Најнови вести

Коментари