logo
logo
logo

Израел објави почеток на „обемни“ нови копнени операции во Газа

Vecer | 18.05.2025

Израел објави почеток на „обемни“ нови копнени операции во Газа

Израелските копнени трупи сега дејствуваат и во северниот и во јужниот дел на палестинската крајбрежна енклава, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Војската соопшти дека во текот на минатата недела спровела „прелиминарна фаза“ на воздушни напади за поддршка на копнените сили, насочени кон повеќе од 670 позиции на Хамас, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни фрлачи и милитантни оперативци.

- Досега, трупите елиминираа десетици терористи, се вели во соопштението.

Жртвите во Појасот Газа се зголемуваат додека Израел ја засилува својата офанзива. Во неделата, медицински лица соопштија дека околу 110 луѓе загинале во текот на ноќта и во неделата наутро, а многумина други се повредени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна изјави дека засилената кампања има за цел да го зголеми притисокот врз Хамас и да го обезбеди ослободувањето на заложниците кои сè уште се држат.

Израелските власти соопштија дека плановите вклучуваат заземање и држење на територија, заедно со преместување на цивили од северниот кон јужниот дел на Појасот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk