Грција го повлекува амбасадорот од Москва, тврдат руски медиуми

Грција го повлекува амбасадорот Андреас Фриганас од Москва, соопштил неименуван извор на руската новинска агенција „Спутник“.

„Таквата одлука е донесена. Тоа лично го побарал министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас“, изјавил соговорникот за агенцијата.

Според него, во наредните денови Андреас Фриганас ќе се врати во Атина, по што во Москва ќе биде испратен нов амбасадор, иако не е познато кога точно ќе се случи тоа.

Како што информира „Спутник“, засега за ова нема официјална изјава од грчкото МНР.

Повлекувањето на амбасадорот се одвива во време на криза во дипломатските односи меѓу двете држави, по взаемното протерување на дипломати.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари