Еве проблем под мостот во Џенова недела дена пред да се урне (ФОТО+ВИДЕО)

На фотографијата се гледа дека мостот Моранди се распаѓа, а се гледаат и кабли кои висат од долната страна на надвозникот.

Фотографијата е објавена на Твитер, а под неа пишува: „Мостот во Џенова минатата недела. Без коментар".

 

Во несреќата 80-метарски дел од мостот на кој во тој момент има 30 возила се откачува и паѓа од висина од 100 метри. 

Поранешниот претседател на британската Институција за структурни инженери, Иан Фирт, објаснува дека 1 километар долгиот мост изграден во 1960-те го држат две А-рамки користејќи кабли засилени со бетон.

„Како што овој засилен бетонски мост е во функција над 50 години, можно е дека корозијата на сајлите и на засилувањето да придонело кон рушењето. Дополнително, тековната работа на мостот може но и не мора да е одговорна за колапсот," објаснува Фирт.

Други инженери изразувајќи жалење околу трагедијата, објаснија дека таа ќе им послужи на следните генерации инженери да видат каде биле направени грешките.

Уште од 1970-те мостот често пати се поправа, а во 90-те на него се спроведува „комплексна интервенција која вклучува поставување на конвенционални носечки челични кабли.

Во 2016 професорот Антонио Бренчич од Универзитетот во Џенова кој специјализира на градби со армиран бетон, сега паднатата делница ја нарекува „инженерски неуспех."

„Мостот е погрешен. Порано или подоцна тој ќе мора да биде заменет. Не знам кога. Ама ќе дојде време кога цената за негово одржување ќе биде повисока отколку замената," изјавува Бренчич во 2016 за италијанскиот Примоканале.

Семејствата на загинатите и властите за катастрофата ја обвинуваат приватната компанија Аутостраде пер Италија која ги одржува повеќето италијански автопатишта. Компанијата пак тврди дека мостот Моранди, изграден во 1960-тите, бил под постојан надзор и дека во тек биле работи на зајакнување на неговите темели.

Поврзани

Најнови вести

Коментари