Евриопа не трпи индивидуалци

ЕУ тргна против Орбан, и против Унгарија

Европскиот парламент денеска гласаше за активирање на член 7 од Договорот за ЕУ против Унгарија поради нејзината анти-имиграциска политика. Според АП, европските членки одлучиле да ја казнат Унгарија на овој начин заради поткопување на вредностите на Унијата. За иницирање на постапката за активација на член 7, „за" гласаа 448, „против" 197, а 48 се воздржаа.

На гласањето му претходеше бурна дебата во ЕП.

Член 7, исто така познат како „нуклеарна опција", во крајна линија би можел да доведе до укинување на правата на глас на обвинетата држава во сите институции на ЕУ. Истиот член за првпат беше употребен во декември, против Полска. Овој потег може да доведе до воведување санкции на Унгарија.

Говорејќи вчера во Европскиот парламент, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека тоа е „чин на одмазда" на ЕУ за одбивање на неговата земја да го одбие квотите за мигранти и да им обезбеди сместување.

Унгарија ќе ја заштити својата граница, ќе ја запреме нелегалната миграција и ќе ги браниме своите права. Ако е потребно ќе се спротивставиме и на вас, им рече Орбан на пратениците на ЕУ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари