Целосно изгаснат големиот пожар во Калифорнија

Големиот шумски пожар во Калифорнија, поради којшто привремено за туристите беше затворен поголем дел од националниот парк, Јосемити, целосно е изгаснат.

Повеќе од 3.000 пожарникари се бореа со огнот што изби на 13 јули и запали речиси 40.000 хектари земјиште југозападно од паркот.

За време на гасењето, загинаа двајца пожарникари, а 19 завршија со повреди.

Студеното време и слабиот ветер во претходните денови им помогна на пожарникарите да се изборат со огнената стихија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари