logo
logo
logo

Русија лансира православен Тиндер поради СКАНДАЛОТ СО „ЦРНИТЕ ВДОВИЦИ“: „Ние ќе им најдеме жени“

Vecer | 11.11.2025

Русија лансира православен Тиндер поради СКАНДАЛОТ СО „ЦРНИТЕ ВДОВИЦИ“: „Ние ќе им најдеме жени“

Руските власти предложија формирање државна агенција за наоѓање сопруги за војниците што се враќаат од борбите во Украина, тврдејќи дека бракот би можел да им помогне психолошки да се рехабилитираат и реинтегрираат во општеството.

Јулија Белехова, претседателка на Комитетот за семејства на војниците од татковината, на форумот „Патриоти на Урал“ изјави дека „жената е првиот психолог за мажот што се враќа од војна“ и дека семејството и бракот се клучни за закрепнување.

„Кога мажот има добра жена покрај себе, сè оди полесно: рехабилитација, вработување, враќање во нормален живот“, рече Белехова.

Кремљ, наводно загрижен за евентуално незадоволство кај демобилизираните војници, разгледува пошироки планови за реинтеграција. Претставникот на Путин за Уралскиот округ, Артем Жога, го поддржа предлогот, но предупреди дека темата мора внимателно да се разработи бидејќи „љубовта е комплицирана работа“.

Иницијативата доаѓа по серија скандали со таканаречените „црни вдовици“, жени кои се мажеле за војници за да добијат големи надоместоци по нивната смрт, до дваесет пати повисоки од просечната руска плата, пишува The Telegraph.

Владимир Путин, Јулија Белехова
Владимир Путин, Јулија Белехова

Доколку идејата за агенција за брак се реализира, тоа ќе биде најновиот обид на руските власти да ги поттикнат „традиционалните вредности“ и бракот меѓу младите, откако западните апликации за запознавање како што се Tinder, Bumble и Badoo го напуштија рускиот пазар.

Во јули, Марија Лвова-Белова, руската комесарка за правата на децата, која е барана од Меѓународниот кривичен суд за нелегална депортација на украински деца, ја објави апликацијата „За љубов“, честопати наречена „Православен Тиндер“.

Апликацијата ги поврзува корисниците кои промовираат „патриотизам, служба на татковината, историско сеќавање и единство на рускиот народ“. Повеќето од корисниците се православни војници, а сексуалната содржина е строго забранета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk