Америка го ограничува преносот на нуклеарна технологија за Кина

САД, во име на националната безбедност, ќе го ограничат преносот на цивилната нуклеарна технологија кон Кина со цел „да ја спречат нејзината незаконска примена” за „воени и за неовластени цели”, објави американското Министерството за енергетика во четвртокот.

Според американскиот министер за енергетика, Рик Пери, според соопштението, „САД не можат да ги игнорираат активностите” на кинеските мерки врз „националната безбедност”.

Поточно, новите прописи кои влегуваат во сила „веднаш”, а се однесуваат исклучиво на идните лиценци и на случаите што ги истражуваат регулаторните органи, предвидуваат „претпоставка за одбивање”. Ова се однесува на соработката со кинеската компанија „Џенерал нуклеар пауер груп“, која сега е „обвинета за планирање заговор за кражба на американската нуклеарна технологија”, предупредува министерството.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари