Вејн Руни завршил во притвор во САД

Британскиот фудбалер, Вејн Руни бил уапсен во декември во САД поради пцуење во јавност и алкохолизирана состојба, јавуваат британските медиуми.

Како што пишува „Дејли телеграф“, повикувајќи се на судски записи, на Руни му било наложено да плати парична казна од 25 долари, со дополнителни трошоци.

Според наводите на локалната полиција, фудбалерот бил уапсен на 16 декември на аеродром, пренесе „Ројтерс“.

Тој подоцна бил пуштен од притвор.

Руни во септември во 2017 година, беше уапсен во Британија поради возење во алкохолизирана состојба и тогаш му беше одземена возачката дозвола на две години, а мораше да плати и казна од 170 фунти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари