Руни го поддржа Мурињо во барањата за нови засилувања

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, го поддржа тренерот Жозе Мурињо и оцени дека до крајот на преодниот рок на „Олд Трафорд" треба да дојдат уште две засилувања за клубот да биде конкурентен во борбата за титулата.

Според англиските медиуми атмосферата во клубот не е сјајна, а Мурињо не е задоволен од раководството, кое не му обезбеди адекватни играчи.

- На Сити ќе му биде тешко да ја повтори минатогодишната сезона. Се надевам дека некој ќе може да ги запре. Би било убаво тоа да биде Јунајтед. Но, очигледно е дека потребно е уште едно или две засилувања. Сигурен сум дека Мурињо прави се што е потребно, истакна Руни.

Во Манчестер јунајтед летово дојдоа Диого Далот од Порто, Фред од Шахтјор и голманот Ли Грант од Стоук.

Поврзани

Најнови вести

Коментари