logo
logo
logo

Навивачите на Ливерпул лути на Холанѓанецот: Каков проблем има Гакпо со Керкез?

Vecer | 06.12.2025

Навивачите на Ливерпул лути на Холанѓанецот: Каков проблем има Гакпо со Керкез?

фото: Braden (Fan) (X)

Многу се зборуваше за одлуката на Слот да го oстави Мохамед Салах на клупата во последните три натпревари, а египетскиот напаѓач дури и не влезе ни минута на теренот вечерва на гостувањето кај Лидс (3:3). Но, Коди Гакпо останува стартер и покрај тоа што веќе е на удар на навивачите на клубот, кои сметаат дека тој и летното засилување Милош Керкез играат како да не се во ист тим.

И денеска имаше неколку прилики кога Керкез му понуди на Гакпо опција на преклопување (двоен-пас) и иако тргна во простор да ја прими топката, Гакпо го игнорираше. Унгарецот имаше тежок почеток на својата кариера на „Енфилд“, но не му помага недостатокот на кохезија со левото крило на Слот.

Навивачите по мечот со бројни критики прашуваат што и за кого игра Гакпо.

„Гакпо мора да е скаран со Керкез, бидејќи не гледам зошто одбива да му ја додаде топката?“

„Ако Гакпо некогаш повторно даде интервју, некој нека го праша што му е проблемот со Керкез! Едноставно одбива да му ја подаде топката.“

„Милош Керкез троши толку многу енергија обидувајќи се да му помогне на Гакпо, само за овој да одбие да ја одигра топката со него и веднаш потоа да ја загуби.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk