Митровиќ го одлучи „братското“ дерби Црна Гора-Србија, Португалија со победа во Полска (видео)

Србија ја победи Црна Гора со 2:0 во Подгорица во најинтересниот меч од третото коло во Лигата на нации на УЕФА зголемувајќи си ги шансите за пласман на Евро 2020.

Гостите дојдоа во водство со гол од пенал во 18. минута на Александар Митровиќ, а триумфот беше потврден во 81. минута, кога напаѓачот на Фулам го постигна својот втор гол по одличната асистенција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Посебен гости на мечот беше менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, секако во друштво на Предраг Мијатовиќ и Дејан Савичевиќ.

Во истата група, Романија пак, драматично стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Литванија за да остане ривал на Србија за првото место пред нивниот меѓусебен меч за три дена.

Најефикасно беше во Хорзов, каде што Полска ја пречека Португалија без првата ѕвезда Кристијано Роналдо. Полјаците бргу дојдоа во водство преку фантастичниот Кшиштоф Пјатек уште во 18. минута од мечот, но потоа Португалците направија целосен пресврт.

Уште еден „жежок“ напаѓач оваа сезона, Андре Силва израмни во 31. минута, пред гостите да поведат со автоголот на Глик на крајот на првото полувреме. Бернардо Силва зголеми на 3:1 во 52. минута, пред Јакуб Блашчиковски да намали на 2:3 во 77. минута и да го направи интересен финишот на мечот.

Косово пак, е лидер во групата 3 во Лига Д, откако со 3:1 ја совлада Малта за да се одвои со седум поени пред Азербејџан, кој славеше со 3:0 на гостувањето кај Фарски Острови.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 3

Полска – Португалија 2:3

Табела: 1.Португалија 6, 2.Италија 1, 3.Полска 1

ЛИГА Ц, ГРУПА 1

Израел – Шкотска 2:1

Табела: 1.Шкотска 3, 2.Албанија 3, 3.Израел 3

ЛИГА Ц, ГРУПА 4

Црна Гора – Србија 0:2

Литванија – Романија 1:2

Табела: 1.Србија 7, 2.Романија 5, 3.Црна Гора 4, 4.Литванија 1

ЛИГА Д, ГРУПА 3

Фарски Острови – Азербејџан 0:3

Косово – Малта 3:1

Табела: 1.Косово 7, 2.Азербејџан 5, 3.Фарски Острови 3, 4.Малта 1


извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари