logo
logo
logo

Лоботка се жали од високите барања на Конте: Не можам да издржам физички!

Vecer | 11.11.2025

Лоботка се жали од високите барања на Конте: Не можам да издржам физички!

фото: Lega Serie A (X)

Еден од конкурентите за место во првиот тим на Наполи на нашиот Елиф Елмас, Словакот Станислав Лоботка се жали на високите барања на Антонио Конте, кои според него се брутални.

Неговиот агент изјавил дека Лоботка се чувствувал исцрпен. Исклучително тешкиот тренинг процес и стил на игра на тренерот на Наполи, Антонио Конте, му отежнува на играчот од средниот ред да продолжи да игра на исто ниво, па наводно тој ќе бара да го напушти клубот на крајот на сезоната.

„Тој веќе има 30 години и ќе биде речиси нереално физички да издржи под водство на Конте“, вели Бранислав Јарушек, агент на Лоботка.

Агентот нагласува дека барањата за тренинг и борба се толку интензивни што се поставува прашањето дали Лоботка може воопшто да се справи со тоа на долг рок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk