logo
logo
logo

Клоп: Престанете да се грижите за Вирц, тој е талент кој се појавува еднаш во еден век!

Vecer | 12.10.2025

Клоп: Престанете да се грижите за Вирц, тој е талент кој се појавува еднаш во еден век!

фото: Liverpool FC (X)

Човекот кој брзо влезе меѓу легендите на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп им препорача на навивачите на Ливерпул да не се грижат за квалитетите на Флоријан Вирц. На 10 натпревари за „црвените“, 22-годишниот играч од средниот ред кој беше купен од Баер за 116 милиони фунти, направи само една асистенција.

„Во врска со Флоријан Вирц, немам за што да се грижам; тој е извонреден играч. Сите го знаат тоа. Дискусијата е пренадуена. Ливерпул загуби три натпревари по ред – тоа е невообичаено, помина доста време како тоа не се случило. Но, тоа е нормално, се случува. Јас сум во центарот на овие дискусии веќе подолго време и можам да ви кажам: ништо не ги интересира луѓето помалку од јавните разговори околу тоа. Значи, сè е во ред, сè ќе биде во ред. Вирц е талент што се појавува еднаш во еден век и порано или подоцна ќе почне да го покажува тоа на секој натпревар, исто како што играше и во Баер. Ако некој е загрижен, нека не биде! Може да престане да се грижи“, изјавил Клоп.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk